Лео Меси е на удар и жестоки критики од фановите по дебаклот на ПСЖ во Лигата на шампиони, а тоа може да е причина Аргентинецот да си замине од Париз. Меси има договор со францускиот шампион до крајот на сезоната.
Поранешниот голгетер на Барселона, Тјери Анри го советува Меси дека најдобро за него ќе биде да се врати дома, во каталонскиот гигант.
„Меси мора да се врати во Барселона поради љубовта кон фудбалот и начинот на кој го напушти тимот. Ме вознемирува тоа што слушам свирежи од трибините, Меси не заслужува такво нешто. Тој постигна 13 гола и 13 асистенции оваа сезона“, рече Анри.