+1

Со натпреварите од третото коло во групата „Ф“ вечерва заврши групната фаза на Африканскиот куп на нации. Нова сензација приреди селекцијата на гамбија, која успеа да го победи Тунис со 1:0 со гол во 93. минута  еден од главните фаворити за медал на АКН.

Мали ја совлада Мавританија со 2-0 и го освои првото место во групата со седум бода, колку што има и Гамбија.

По овие два меча веќе се познати и двојките за осминафиналето:

Буркина Фасо – Габон

Нигерија – Тунис

Сенегал – Зеленортски острови

Мали – Екваторијална Гвинеја

Гвинеја – Гамбија

Камерун – Комори

Брегот на Слоновата Коска – Египет

Мароко – Малави