Атлетико Мадрид го совлада тимот на Лајпциг со 2-1 во новото издание во Лигата на шампионите. Елиф Елмас доби шанса во последните десетина минути, а Хозе Хименез во 90.минута му донесе триумф на домашниот тим.

Бењамин Шешко во четвртата минута го отвори резултатот, а израмни Антоан Гризман во 28.минута од дуелот.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас доби шанса во завршницата во поразот на Лајпциг. Елмас на теренот влезе во 83. минута на местото на Чави Симонс.

 

Вреди да се одбележи двојната одбрана на Давид Раја при пеналот на Аталанта во 51. минута.(ТУКА)

Аталанта и Арсенал одиграа без голови во Бергамо, а Матео Ретеги во 51.минута не реализира пенал за домашниот тим. Давид Раја го одбрани неговиот удар.

Брест го победи Штурм со 2-1 во историскиот прв натпревар во Лигата на шампионите.