Шпанскиот и европски првак Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ и славеше во дуелот против Кадиз со 2-0 во 14. коло од шпанската Ла Лига.

„Кралевите“ до гол стигнаа во 40. минута од натпреварот, кога Едер Милитао со глава ја затресе мрежата на гостинскиот состав за предност од 1-0, по што германскиот фудбалер Тони Крос во 70. минута испрати одличен удар од работ на казнениот простор и зголеми на 2-0, додека Кадиз намали на 1-2 преку Лукас Перез во финишот.