Рома одигра 1-1 против Торино и така ја продлабочи кризата, но натпреварот на „Олимпико“ донесе драма во која црвен картон заработи тренерот Жозе Мурињо.
Во првото полувреме мируваа мрежите и немаше многу возбудувања, но затоа Торино во 55. минута поведе со голот на Линети, а во завршницата Мурињо заработи црвен картон откако збесна по една судиска одлука.
Екипата од Рим доби пенал, но Белоти не го искористи, па неколку минути подоцна Матиќ со гол обезбеди бод за Рома.
Рома по 15 одиграни кола се наоѓа на седмата позиција со 27 бодови, колку што има и Аталанта, но екипата од Бергамо има подобра гол-разлика.
На останатите натпревари Монца славеше со 3-0 против Салернитана, додека Верона загуби од Специја со 1-2.