Репрезентативецот на Македонија, Дарко Чурлинов беше херој за полска Јагелонија и донесе победа на стартот од Конференциската лига.

Јагелонија успеа да слави победа во Данска со 1-2 и тоа благодарение на македонскиот фудбалер кој во 97. минута постигна гол за конечни 1-2.

Чурлинов на натпреварот не беше стартер и во игра влезе во 55. минута.

https://twitter.com/i/status/1841952223661850802