Во натпревар од Лига на Европа, Тотенхем постигна нова победа на гостувањето кај Ференцварош, додека пак Лацио стигна до убедлива победа против Ница.
Тотенхем влезе како голем фаворит во натпреварот против Ференцварош и на крајот дојде до победа од 1-2. Резултатот го отвори Сар во 23. минута, а за преостанатите два гола се чекаше завршницата од средбата кога Џонсон прво зголеми на 0-2, а потоа Варга ги постави конечните 1-2.
За англиската екипа ова е втора победа во Лигата на Европа и втора без примен гол откако во првото коло „петлите“ беа подобри од Карабах со 3-0.
Најубедливата победа ја забележа Лацио кој со 4-1 беше подобар од Ница. Лацио триумфот го најави со двата гола во првиот дел во 20. и 35. минута на Педро и Кастељанос.
Ница резултатски се врати пред крајот на првиот дел со голт на Бога. Сепак, во вториот дел Лацио со уште еден гол на Кастељанос ја потврди победата. Лацио така постигна уште една убедлива победа, претходно во првото коло го совлада Динамо Киев со 3-0.
За изненадување може да се смета и ремито на летонска Рига со турскиот гигант Галатасарај 2-2, а без победник заврши и средбата на Славија Прага и Ајакс (1-1).
Во останатите натпревари, Хофенхајм беше подобар со 2-0 од Динамо Киев, Митјиланд на гости кај Тел Авив славеше минимален триумф од 0-1, Олимпијакос на домашен терен беше убедлив со Брага (3-0), Малме од гостувањето против Карабах замина со триумф 1-2, додека Андерлехт во Шпанија го победи Реал Сосиедад со 1-2.