Тухел во Баерн Минхен пристигна за да го исправи тимот на здрави нозе, но не само што не успева во тоа, се чини дека Баварците под негово водство бележат уште полоши резултати.

Денес беа поразени на гостувањето кај Мајнц со 3-1. Баварците водеа во првото полувреме, но капитулираа во вториот дел.

Мане погоди во 16. минута, но неговиот гол беше поништен поради офсајд, сепак 13 минути подоцна даде регуларен погодок за водство од 1-0.

Во вториот период следуваше шокантен период за Баварците кој траеше 14 минути. Ајорке во 65. минута израмни на 1-1, во 73. минута Бареиро погоди за комплетен пресврт и водство на Мајнц од 2-1, а конечните 3-1 беа дело на Мартин шест минути подоцна.

Најубедливата победа денеска во Бундеслигата ја забележа Волфсбург кој со 5-1 победи на гостувањето кај Бохум.

Гостинскиот триумф забележа и Вердер кој со 4-2 ја совлада Херта, а победи и Келн на гости кај Хофенхајм со 3-1.