Барселона ја забележа и втората победа на домашен терен во шпанската примера лига. Овој пат славеше над екипата на Гетафе со 2:1 резултат кој беше актуелен и по првите 45 минути.
Најпрво Барселона дојде до водство со голот на Роберто во 2. минута но Рамирез изедначи 16 минути подоцна.
Депај одлично се снајде и со соло акција успеа да го матира голманот на Гетафе во 30. минута за 2:1.
Со овој резултат Барселона заедно со уште 5 екипи го делат првото место на табелата со 7 бода.
Атлетико Мадрид вечерва има шанса да остане единствен со 3 победи.