Тулуз за едно полувреме му даде три гола на Рен и славеше со 3-1 за да го оддалечи од трката за Лигата на шампионите во 23-то коло во француската Лига 1.
Со својата деветта победа сезонава Тулуз дојде до 32 бода на 10-то место, а му беа потребни само 11 минути на средина од првото полувреме, кога паднаа трите гола. Голеадата на Тулуз ја отвори Рафаел Ратао во 26-та минута, па продолжи со дуплирање на предноста преку Закарија Абухлал во 27-та, а истиот играч потоа му асистираше на Тијс Далинга во 37-та за да стави печат на победата.
Рен ако не беше Ентони Руал да си даде автогол, немаше ни еднаш мрежата на домаќините да ја погоди, па со седмиот пораз остана на 40-те бода на петтото место, со седум зад Монако кој е трет во трка за директен пласман во ЛШ. Четвртиот Ланс, пак, им бега шест бода со меч помалку.
На врвот ПСЖ има 54 бодови, пет бода повеќе од Марсеј.