Стрелецот на шестиот гол на англиската репрезентација против Иран на Светското првенство во Катар, Џек Грилиш, го посвети голот на својот специјален навивач.
Станува збор за Финли, 11-годишно момче со церебрална парализа, на кое му ветил посебна прослава.
Грилиш, кој лесно постигна гол, не заборави да мавта со рацете крај стативата, како што тоа момчето го побара кога се сретнаа пред Светското првенство.
Фудбалерот на Манчестер Сити се сретна со младиот навивач како дел од активностите на фондацијата „Град во заедницата“, откако момчето му напиша долго писмо во кое го изразува своето воодушевување од Грилиш.
Фудбалерот му ветил посебна прослава, но не кажал каде и што ќе биде, па малиот Финли не можеше да замисли подобра прилика.
https://twitter.com/premierleague/status/1594710467209224192?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1594710467209224192%7Ctwgr%5E0705bfdaaf46447b6acf907f9c8988c9cd66384c%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fqatar2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2246276