Колку навивачи имаше на стадионот „Ал Тумама“ на мечот меѓу Сенегал и Холандија е прашање што многумина ги интересира.
Според официјалните податоци, ги имало 41.722, што е невозможно со оглед на тоа што капацитетот на овој стадион во Доха е околу 40.000.
И не само тоа, туку за време на натпреварот се забележуваше дека стадионот е главно празен. Тоа го поткрепуваат и фотографии, што значи дека немало ни 40 илјади, а камоли повеќе.
Колку ги имаше, во добра мерка ја гледаа незаслужената победа на Холандија над африканскиот шампион (2:0) со головите на Коди Гакпо и Дејви Класен.