Антоан Гризман ќе си остане во Атлетико Мадрид по завршување на сезонава, зашто Каталонците и Атлетико Мадрид се договорија за задолжителниот откуп од само 20 милиони евра, дупло помалку од тоа што првично беше договорено при двегодишниот заем минатото лето.
Атлетико според првичниот договор требаше да плати 40 милиони евра, ама сега падна договор на 20 милиони и тоа откако мадриѓаните најдоа дупка во договорот, па во изминатиот период Гризман само еднаш беше стартер и играше помалку од полувреме, за да не се активира откупната клаузула.
И ако сѐ ова сите мислеа дека е масло на Диего Симеоне, излезе дека сѐ било во договор со Гризман. Французинот сакал да остане и се согласил да игра само спорадично со цел да се издејствува притисок врз Барселона да седне на преговарачка маса и откупната калузула која е задолжителна да ја намали за Атлетико потоа да се согласи да ги исплати парите.
Тоа и се случи, а мадридскиот гигант и екс-првак на Шпанија од Гризман сега има чиста заработка од 100 милиони евра. На Барса ѝ го продадоа за 120 милиони, како еден од најскапите трансфери, а сега за само 20 милиони си го вратија офанзивецот.