Лондонски Арсенал тргна силно во дербито и поведе против Ливерпул со гол на Габриел Мартинели во 58. секунда. Само што почна мечот „топчиите“ тргнаа во акција, која после неколку додавања заврши со погодок. Сепак, тоа не е најбрзиот гол на дуелите меѓу Арсенал и Ливерпул во Премиер лигата. Некогашниот дефанзивец Мартин Шкртел во дресот на Ливерпул ја погодил мрежата на Арсенал во 52. секунда во првенствениот меч во февруари 2014 година кој го добија „црвените“ со 5:1.