Италијанците ќе ги нема на Светското првенство, а за тоа се погрижи токму Македонија. Селекторот Роберто Манчини едвај го „преживеа“ тој пораз, а сега повторно ќе мора да игра против Македонија и во квалификациите за ЕВРО 2024.
Тој потенцира дека Италија доби екстремно тешка група, а Македонија е најтешкиот можен ривал од четвртиот барабан.
„Имав некое претчувство дека ќе ги добиеме Англија или Франција. Но, секогаш е предизвик да се игра против Англија на Вембли. За Македонија што да кажам…Тоа е најтешкиот ривал од четвртиот барабан. Плус, тука ја имаме и Украина. Добивме многу тешка група“, изјави Роберто Манчини, селекторот на Италија.