Екипата на Арсенал продолжува да импресионира со своите настапи во оваа сезона, па така вечерва издвојуваше победа во уште една дерби пресметка во Премиер лигата против Ливерпул кого го совлада со 3-2.
Се тргна од првата минута кога Мартинели донесе огромна радост на „Емирати“. Гостите од Ливерпул одговорија преку Нуњез во 34, но последниот збор во првиот дел сепак го имаа избраниците на Артета преку Сака за 2-1.
Во вториот дел нововлезениот Фирмино погоди во негов стил за ново реми во Лондон. Потоа Арсенал мораше одново да бара гол, цел во која успеа, па така со осмиот триумф во сезоната дојде до 24 бод и е на првата позиција во Англија пред Манчестер Сити.
Ливерпул пак од друга страна е големо разочарување и со 10 бода е на 10 место.