Адеми во загрепската пресметка на Динамо со Локомотива влезе во игра на почетокот на второто полувреме, а осум минути по стартот на вториот дел невнимателниот Мишиќ се судри со Адеми, по што македонскиот репрезентативец остана да лежи на теренот со болна гримаса.
Но, иако се обиде да продолжи да игра, силниот удар во бутниот мускул очигледно бил многу болен, а колку е сериозно допрва ќе биде познато. Адеми во 57-та минута, само 12 минути откако влезе во игра, го напушти теренот, бесен за повредата, по што ја шутираше клупата за резерви.
Ако излезе посериозна повредата, а Адеми веќе имаше низа проблеми со бутниот мускул поради кои паузираше во два наврати сезонава од по еден месец, тоа ќе биде голем хендикеп прво за Динамо во пресрет на реваншот со Севилја во шеснаестфиналето во Лига Европа (1-3 по првиот меч), а потоа и за македонската репрезентација во пресрет на исклучително важниот меч со европскиот првак Италија во битката за пласман на СП.