Дека Ерлинг Халанд ќе биде огромно засилување за Манчестер Сити се види и на неговиот прв меч за „граѓаните“, ноќеска против Баерн Минхен (1-0), откако дебитантскиот погодок го постигна по само 12 минути во новиот дрес.

На Норвежанецот не му беше тешко да погоди по одличната асистенција на Џек Грилиш, што на крајот се покажа доволно за триумф во овој пријателски меч. Ова воедно беше и прв погодок во историјата постигнат на легендарниот стадион на екипата од НФЛ, Грин Беј пекерс.