На бразилското крило Рафиња не му требаше многу време да покаже зошто Барселона му плати на Лидс речиси 60 милиони евра за него. Во рамките на американската турнеја и подготовките за новата сезона, каталонскиот клуб одигра пријателски натпревар со најголемиот ривал Реал Мадрид во Невада и победи со 1:0.

25-годишниот Бразилец го постигна решавачкиот гол во 27. минута. Одбраната на Реал погреши при и топката дојде до Рафиња, кој шутираше од дваесетина метри и го погоди голот на немоќниот Тибо Куртоа. Дека ваквите натпревари се играат од маркетиншки, а не од „пријателски“ причини докажа и конфликтот меѓу играчите на теренот кој го иницираа Родриго и Серхио Бускетс.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1551049405947695104?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1551049405947695104%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fligi%2Frafinja-so-golchishte-i-donese-triumf-na-barsa-vo-prvoto-el-klasiko-video

За Барса првпат настапи и Роберт Левандовски, додека Карло Анчелоти почна претпазливо што се виде со оставањето на Касемиро, Модриќ и Крос на клупата во првото полувреме.