Тој е десен бек, играч кој постигна и голем број на голови, изразито е офанзивен, во претходните две сезони играјќи за Удинезе постигна вкупно десет гола.
Аргентинскиот репрезентативец има само 24 години, а Атлетико добро плати за него.
На Удинезе ќе му бидат исплатени фиксни 10 милиони евра, плус 5 милиони евра од потенцијалните бонуси .
Еден фудбалер ќе добие и Удинезе, тоа е стоперот Нехуен Перез, исто така Аргентинец кој во претходната сезона беше позајмен во Удинезе.
Неговата вредност се проценува на околу 10 милиони, па вкупната вредност на доведувањето на Молина е околу 25 милиони евра.