Динамо Загреб ја оправда фаворитската улога и славеше со 5-1 после пресврт против Славен белупо во второто коло од домашниот шампионат.
Славен Белупо ги шокираше гостите во втората минута, кога Марина погоди за 1-0, по што Динамо почна да ја полни мрежата на домаќинот со погодоците на Батурина, Оршиќ и Дрмиќ.
Динамо доминираше и во вториот дел, а головите ги постигнаа Мишиќ и Шпикиќ за конечни 5-1 за втора победа на шампионот.