Италијанскиот првак Милан доживеа непријатен пораз (3-2) од Залаегерсег на пријателски натпревар во Унгарија.
Залаегерсег за половина час постигна дури три гола на овој меч откако мрежата на „росонерите ја погодија Убочиома, Мочи и Тајти. Посебно убав беше вториот погодок на домашниот тим.
Жиру од пенал намали на 3-1 во првото полувреме, а Раде Круниќ во завршницата од мечот го постави конечниот резултат.