Барселона уште еднаш не успеа да победи. Овој пат гостуваше кај новиот прволигаш Кадиз.
Ова беше досаден натпревар без шанси за гол и на двете страни. Како интересен момент може да се издвои црвениот картон за Френки Де Јонг откако холанѓанецот во 65 минута од натпреварот заработи втор жолт картон.
Со овој бод Барселона сега е на седмата позиција на табелата и заостанува дури 7 бода од лидерот на табелата Реал Мадрид. Секако треба да се земе во предвид дека Барселона има одиграно еден натревар помалку.