Попладнево се одиграа пет мечеви од 31.коло во Бундеслигата. На Ајнтрахт Франкфурт, кој во Лига на Европа е во полуфиналето, во домашниот шампионат не му оди. Денеска на свој терен против Хофенхајм одигра само 2:2 против Хофенхајм.

Стрелци на головите беа Ндика и Камада, додека за гостите Ндика си постигна автогол а Рутер во 78.минута ги постави конечните 2:2.

Келн со 3:1 го победи составот на Билефелд, додека Фрајбург и Менхегладбах во вистинска гоелада одиграа 3:3.

Леверкузен како гостин славеше против Гројтер Фурт со 1:4, и на последниот попладневен меч тимот на Унион Берлин како гостиб со 1:2 го победи фаворитот Ред Бул Лајпциг.

Домашните до 86.минута водеа со 1:0, но тогаш на сцена стапија Михел и Бехренс и со два гола донеса голема победа и три бода.