Манчестер Сити оствари убедлив триумф (5-1) против Вотфорд и се зацврсти на првото место на табелата во Премиер – лигата со 80 бода, четири повеќе од Ливерпул кој утре ќе игра градско дерби против Евертон.
Габриел Жесус беше стрелец на четири гола, еден од пенал, а во листата на стрелците се запиша и Родри.
Њукасл славеше (0-3) на гости против Норич, со двата гола на Жоелингтон и погодокот на Бруно Гимараеш.
Лестер и Астон Вила ремизираа без голови.