Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ремизираше 1-1 против селекцијата на Саудиска Арабија до 23 години на турнирот во Хрватска. Тимот на Драги Канатларовски не успеа да реализира пенал, а имаше и неколку нереализирани шанси.
Лука Станковски во 40. минута не успеа да погоди од белата точка, а Саудиска Арабија поведе во 45. минута од пенал преку Алхамди.
Во вториот дел, Македонија израмни со голот на Марио Илиевски.