Англискиот спортски весник „Дејли мејл“ направи хипотетички состав на репрезентацијата на некогашна СФР Југославија од фудбалери кои сега се актуелни на терените и праша дали овој тим би имал шанса да се бори дури и за светското злато.
Во составот се најдоа фудбалери на Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и БиХ, а тоа што боде очи е што во најдобрите 11 од овие простори на поранешна Југославија, нема само – Македонец. Тоа е само уште еден доказ дека нашиот фудбал веќе долго време е во надолна линија, секако со повремени блесоци, иако името на Елиф Елмас секако би имало место во една ваква конкуренција.
- Новинарот Џонатан Роуз во составот вметна четворица Срби и тоа Душан Тадиќ, Душан Влаховиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Никола Миленковиќ, а исто толку има и Хрвати – Лука Модриќ, Јошко Гвардиол, Матео Ковачиќ и Иван Перишиќ. Преостанатите три места се пополнети од Јан Облак (Словенија), Един Џеко (БиХ) и со Црногорецот Стефан Савиќ.