„Црвените ѓаволи„  подготвуваат понуда за напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, следното лето, тврди „Билд“.Манчестер  Јунајтед е решен да купи играч од врвна класа во нападот и последните информации се дека сите сили ќе ги насочат кон капитенот на англиската репрезентација.

Ова не е првпат Кејн да биде поврзуван со  „Олд Трафорд“. Сепак, минатото лето беше многу поблиску до трансфер во Манчестер Сити. „Граѓаните“ водеа интензивни преговори за негов ангажман, но не успеаја да се договорат со претседателот на Тотенхем, Даниел Леви.

„Граѓаните“ веќе се откажаа од „ловот“ на Кејн и силите ги насочија кон Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Јунајтед планира да го искористи ова и да достави сериозна понуда за најдобриот стрелец на Тотенхем.

Овој пат се очекува Даниел Леви да биде многу помек кон идејата да го продаде Кејн. Напаѓачот продолжува да инсистира на трансфер и сака да оди во тим кој ќе се бори за титули. Со Тотенхем и оваа сезона тоа не му успева.