Бразилскиот напаѓач на саудискиот Ал Хилал, Нејмар заработил неверојатни 101 милион евра за одиграни само 42 минути фудбал во текот на 2024 година.

Фудбалската звезда Нејмар пристигна во Саудиска Арабија како големо засилување, но тешката повреда не му дозволи да го покаже сиот свој раскошен потенцијал. Во 2024 година, за Ал-Хилал настапил само двапати, минувајќи само 42 минути на теренот, но според договорот му била исплатена целосната годишна плата од 101 милион евра.

Тој дојде во Ал-Хилал во август 2023 година од ПСЖ за 90 милиони евра и потпиша договор со годишна плата од 100 милиони евра.

Поради повредата, Нејмар одигра само седум натпревари за клубот во последните година и пол, постигнувајќи еден гол и три асистенции. Неговиот договор со Ал-Хилал завршува летово, а обновувањето на соработката е малку веројатно.

Според информациите, 33-годишниот фудбалер би можел да се врати во Бразил и да потпише за својот поранешен клуб, Сантос. Нејмар својата кариера ја почна во Сантос, каде ги помина сите младински категории и дебитираше за првиот тим како тинејџер.