Актуелниот шпански првак Реал Мадрид направи неверојатен пресврт и ја совлада Валенсија со 1-2 на „Месталја“ иако од 80 минута играше без исклучениот Винисиус.
Македонскиот голман Столе Димитриевски на голот на Валенсија имаше фантастична партија.
Димитриевски блескаше на голот, остана несовладан и после пеналот на Џуд Белингам во 55-та минута. Англичанецот ја погоди стативата, а Столе потоа успеа да го испровоцира Винисиус Жуниор да добие црвен картон по удар без топка во 80 минута. Но, и покрај сите напори на Димитриевски, „кралевите“ покажаа неверојатна енергија и голема борбеност.
Валенсија дојде во водство со голот на Хуго Дуро во 27. минута, но Реал Мадрид се врати во игра во финишот. Нововлезениот Лука Модриќ по исклучувањето на Винисиус, го израмни резултатот во 85. минута, а Белингам во 96. минута го постигна победоносниот гол за „кралскиот клуб“, кога дефанзивците Фулкие и Гилјамон направија голема глупост која Белингам ја искористи за победа од 2-1.
¿Y A DIMITRIEVSKI QUE PREVIAMENTE LE TIRA DEL PELO NO LO EXPULSA?pic.twitter.com/MCyr8okjNu
— Madrid Sports (@MadridSports_) January 3, 2025
А тука не беше крајот на возбудувањата затоа што тимот на Валенсија во последните мигови имаше можност да освои барем еден бод, Риоха во 100-та минута направи вистински слалом, испрати фантастичен удар од работ на шеснаесетникот, но ја погоди левата статива, а топката се тркалаше по гол линијата од голот на Тибо Куртоа. Сепак среќата беше на страната на Реал Мадрид, кој однесе три важни бода од Местаља и се искачи на лидерската позиција во Ла лига.
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше еден од најистакнатите играчи на натпреварот, добивајќи овации за својата неверојатна изведба.