Финалето во Копа Либертадорес донесе спектакуларен дуел што може да го понуди јужноамериканскиот фудбал, и донесе натпревар за паметење.
Бразилското дерби на „Монументал“ донесе доминација на Атлетико Минеиро по црвениот картон кој го добие Грегоре, но сосема неочекувано, Ботафого беше тој кој прв дојде до водство.
Напаѓачот Луис Енрике беше кошмар за Атлетико, погоди за 1:0 во 35-та минута, а девет минути подоцна се избори и за пенал кој во гол го претвори Алекс Телјес.
https://twitter.com/i/status/1862959370717249733Вториот дел започна на најлош можен начин за Ботафого.
Варгас постигна гол за 2:1 и донесе неизвесност во бразилското финале, Атлетико Минеиро тргна во офанзива со сите сили по втор гол за израмнување но не успеа во тоа.
https://twitter.com/i/status/1862968347115110695 https://twitter.com/i/status/1862980526807593376Ботафого стигна до првата историска титула во Копа Либертадорес, што го прави 12-ти бразилски клуб кој го освоил најпрестижното клупско натпреварување во Јужна Америка.