Српската фудбалска репрезентација е во групата Г со Бразил, Швајцарија и Камерун на Светското првенство во Катар. Интересно, Србите играа и против Бразил и Швајцарија во групата на Светското првенство во Русија. И од двете селекции доживеаја пораз па „орлите“ беа елиминирани како третопласирана репрезентација.
Српски Курир најавува нов судир со Швајцарија со наслов: „Време е за реванш со наплата на камата!, додека Блиц тврди дека Швајцарците сакале „се освен Србите“, но дека ждрепката била „немилосрдна“. .
„Телеграф“ им посвети поголемо внимание на најгласните противници во групата: „Дајте ни ги Бразилците да си поиграме со нив! Србија на Мундијалот повторно против Нејмар и пријателите, а тука се и Швајцарците!“ Имено, откако Србите со победата над Португалија изборија директен пласман на Мундијалот, нивните репрезентативци во Лисабон пееја: „Дајте ни го Бразил!“
Затоа Mozzart Sport објави наслов упатен до тимот на Пикси Стојковиќ „Вие побаравте – сега играјте“.
Во специјален текст со наслов „Србија сака одмазда за најголемата кражба: Еве како германскиот судија Брих не уништи против Швајцарија“, Курир не потсети на уште една полемика од мечот против Швајцарија пред четири години. При резултат 1:1, Феликс Брих не досуди прилично очигледен пенал за Србите, кои подоцна беа исфрлени од Шаќири со гол во последните минути.