Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари на македонската репрезентација против Лехтенштајн во Вадуз на 8 октомври и против Германија во Скопје на 11 октомври , во рамките на квалификациите за пласман на Светското првенство 2022 година.

Селекторот Благоја Милевски повика 26 фудбалери за двата меча. Ердал Ракип од шведски Малме за прв пат добива повик во А репрезентацијата.

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Дејан Илиев (Серед, Словачка);

Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Мол Види, Унгарија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (АЛ Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Раднички Ниш, Србија), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Ѓоко Зајков (Левски, Бугарија), Никола Серафимов (Залаегерсег, Унгарија);

Среден ред: Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (Мариупол, Украина), Тихомир Костадинов (Ружомберог, Словачка), Бобан Николов (Шериф Тираспол, Молдавија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Ердал Ракип (Малме, Шведска), Јани Атанасов (Хајдук Сплит, Хрватска);

Напад: Адис Јаховиќ (Гестепе, Турција), Милан Ристовски (Спратак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Александар Трајковски (Алборг, Данска),  Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија);

Неизвесен е Енис Барди кој ќе дојде, но ќе направи дополнителни прегледи во Македонија. Ситуацијата е подобра со Муслиу и со Адеми, а Чурлинов ќе игра со специјална маска.

„Барди ќе дојде во Скопје и ќе биде сниман тука, по што лекарскиот тим ќе одлучи. Со Висар ситуацијата е многу подобра и ќе биде присутен, Адеми имаше проблеми, но до моментов се е во најдобар ред и очекувам да биде присутен на собир.

Поконкретна слика ќе имаме сабота, евентуално недела. Чурлинов има скрешница на вилицата, но ќе игра со специјална маска“, изјави Милевски.

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 3. октомври (20:00 ч.) во хотел „Хилтон“ во Скопје.