Јувентус ја оствари 12. победа во Серија А оваа сезона со триумфот над Фросиноне на гости со 1-2. Со тоа „старата дама“ се доближи на само бод негатива до лидерот Интер кој вечерва игра против Лече.
Тренерот Масимилијано Алегри изненади со една одлука поврзана со стартниот состав, бидејќи неочекувано од првата минута на терен истрча младиот Кенан Јилдиз, а Влаховиќ остана на клупата на резерви. Но, 18-годишниот турски фудбалер веднаш ја искористи пружената шанса и на своето деби постигна прекрасен гол за водство на Јувентус од 0-1. Јилдиз е роден во 2005 година и со тоа стана првиот фудбалер роден после 2004 година кој игра во стартните единаесет на Јувентус.
Младиот Јилдиз донесе водство за Јуве во 12.минута, но Фросиноне израмни на почетокот на вториот дел, со голот на Хаиме Баез во 51.минута.
Алегри потоа во игра го внесе Душан Влаховиќ кој успеа да го постигне победничкиот гол во 81.минута од натпреварот.
Јувентус постигна и трет гол преку Србинот, но истиот беше поништен поради офсајд.
Јувентус се наоѓа на втората позиција со 40 бодови, односно еден помалку од лидерот Интер.