Екипата на Болоња е вистински хит оваа сезона во Серија А, откако славеше против тимот на Аталанта од Бергамо со 1-0 и се врати на четвртата позиција во првенството.

 Болоња се избори за важен триумф против Аталанта  во натпреварот од 17. коло во италијанската Серија А. Избраниците на тренерот Тиаго Мота уште еднаш одиграа квалитетен и цврст натпревар и на крајот заслужено дојдоа до нови три бода.

Аталанта беше подобар противник и ја имаше контролата врз дуелот во поголемиот дел од мечот, но не беше ефикасна во нападот, а тоа го казни Фергусон во 86. минута кога погоди за победа на Болоња.

Со оваа победа Болоња се искачи на четвртата позиција и сега има 31 бод, односно пет повеќе од Аталанта.

Торино го пречека Удинезе на домашен терен и ремизира 1-1 (0-0). Двата гола беа постигнати во второто полувреме, прво поведоа гостите со голот на Зарага во 77. минута. „Биковите“ не се предадоа и во самиот финиш се изборија за бод.

 

Автор на израмнувачкиот гол беше Иван Илиќ, кој беше прецизен во 88. минута. Торино е на десеттото место со 24 бодови, додека Удинезе останува на само две победи и има 14 бода на првенствената табела.