Бразилскиот шампион Флуминенсе е првиот финалист на Светското клупско првенство кое се игра во Џеда, Саудиска Арабија. Шампионот на Јужна Америка го победи египетскиот Ал-Ахли со (2-0) и го чека ривалот во пресметката за светска титула.

Бразилците имаа повеќе од играта и заслужено се пласираа во финалето. Постигнаа два гола во мрежата на „фараоните“ и сега го чекаат подобриот од натпреварот меѓу екипите на Манчестер Сити и на Урава Ред Дајмондс.

<

Резултатот на дуелот го отвори Ариас од пенал во 70. минута. Најстрогата казна ја изнуди Марсело. По обидот на Ал-Ахли да израмни кој не го реализира Пери Тау со глава, точка на триумфот на јужноамериканскиот првак стави Кенеди кој погоди со удар во 90. минута од работ на казнениот простор.

Противник на Флуминенсе во борбата за светската титула ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел помеѓу Манчестер Сити и јапонскиот тим Урава (вторник, 19 часот). Поразениот од овој дуел, ќе игра против Ал Ахли во борбата за третото место.