Вчерашниот дуел од Лигата Европа меѓу АЕК и Ајакс во Атина, меѓу другото, го одбележа транспарентот истакнат на трибината каде се наоѓаа најжестоките навивачи на грчкиот клуб.

Иако Грците постојано со полна уста кажуваат дека Србите се нивни браќа, од последната постапка може да се заклучи дека не е баш така. Во текот на вчерашниот дуел на трибината осамна транспарент на кој пишуваше „Косово е Албанија“ што зачуди дури и дел од грчките медиуми бидејќи досега немало вакво нешто.

Според грчките медиуми, транспарентот не е истакнат од албански навивачи што уште повеќе ги разочарува Србите.