Македонскиот репрезентативец Енис Барди игра во извонредна форма во дресот на Трабзонспор. Тој беше голгетерски расположен, стрелец на два гола во триумфот (1-5) на својот тим на гости кај Касимпаша.
Барди погоди во 28. и во 64.минута, а двата гола беа прекрасни, откако упати проектили кон противничкиот гол.