Италијанскиот вицепрвак Милан ја оствари третата победа во Серија А оваа сезона, совладувајќи ја Рома на „Олимпико“ со 1-2. „Росонерите“ имаат максимални девет бода по три натпревари.
Оливие Жиру од пенал донесе водство за Милан во деветтата минута, а на почетокот на вториот дел Рафаел Леао зголеми на 0-2.
Гостите останаа со фудбалер помалку во 61.минута по исклучувањето на Фикајо Томори, а Спинацола успеа да намали во судиското продолжение од дуелот поставувајќи го конечниот
резултат.
Милан е лидер во Серија А по три кола со девет бодови, додека Рома е на 18. позиција со еден бод.