Англискиот шампион Манчестер Сити се пласира во финалето на ФА Купот, откако во полуфиналниот меч го победи Челзи со минимални 1-0. Средбата на „Вембли“ ја реши Бернардо Силва со гол во завршницата, откако „сините“ не искористија неколку колосални шанси преку Николас Џексон кој испадна трагичар на овој дуел.
Овој натпревар го одбележа уште една во најмала рака спорна судиска одлука. Слободен удар изведе Кол Палмер, а во живиот ѕид со одлепена рака од телото скокна Џек Грилиш. Топката го погоди играчот на Сити кој направи и дополнително движење, а тоа предизвика реакции и негодување кај противниците.
Никому не му е јасно зошто ВАР собата не реагираше, иако играта со рака беше ненамерна сепак беше при удар кон голот и постоеја елементи за најстрога казна.