Ништо помала не е гужвата на врвот во Серија А и по третиот кикс на тимовите од врвот, ремито на Наполи на гостувањето кај Каљари .

Откако Милан ремизираше, а Интер загуби, 26. коло во Серија А заврши нерешено за третиот претендент за титулата, Наполи. Третиот тим од лигата одигра 1:1 против Каљари.

И не само тоа, Наполи долго висеше и за пораз, а го спаси само Виктор Осимхен со гол за 1:1 во 87. минута од натпреварот. Каљари во водство го доведе Гастон Переиро во 58. минута.

https://www.dailymotion.com/video/x883vbm https://www.dailymotion.com/video/x883wps

Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути за Наполи .

Со овој бод Наполи се израмни со Интер на 54 бода и има два помалку од Милан на врвот, додека Каљари е на чекор до зоната на спас бидејќи има 22 бода, колку што е и Венеција на 17-та.