Англичанките во Скопје дојдоа како апсолутни фаворитки, без примен гол во досегашниот тек од квалификациите, па само прашање беше со колку гола ќе си заминат од Арената, а ни дадоа по пет во двете полувремиња за наш втор најубедлив пораз, после единаесетката од Северна Ирска во ноември лани.
Бет Мед постигна четири гола (6., 12., 47., 53-та минута), Ела Ен Тун додаде хет-трик (24., 74., 78.), Џорџија Станвеј погоди двапати (46., 56.), а еден гол постигна и Елен Вајт (42.). Англија со победата го продолжи максималниот ефект од седум победи и со 21 бод е убедлива во групата со неверојатни 63 дадени гола и ниту еден примен, додека Македонија остана претпоследна со само три бода и 48 примени голови во седум кола.
Следен меч на македонските фудбалерки е пресметката во вторник на гости кај Луксембург, кој нѐ победи во Охрид со 3-2