Фудбалерите на Борусија Дортмунд славеа на гости против Штутгарт со 2:0 (1:0).
Тоа беше првиот натпревар од 29. коло во Бундес лигата.
Избраниците на тренерот Марк Розе ја продолжија трката за титулата со Баерн со нови три бода и сега имаат шест бода помалку.
Од првата минута „милионерите“ тргнаа жестоко и Рафаел Гереиро во деветтата минута ја погоди стативата.
Три минути подоцна Џулијан Брант постигна гол, но судијата Харм Осмерс реши да го погледне видеото од ВАР.
По неколку минути пресуди дека голот е регуларен и Борусија поведе.
Штутгарт пропушти одлична можност за израмнување во 23. минута, за малку не беше прецизен Омар Мармуш.
Марко Ројс во 62. минута и Паскал Стензел две минути подоцна пропуштија можности на двете страни, како и Рафаел Гереиро од тимот на Борусија во 67. минута.
Сепак, четири минути подоцна се беше решено, со прецизен и силен удар од 20 метри, Брант со вториот гол на натпреварот го реши прашањето на победникот.
Штутгарт во финишот се обиде да стигне до целта и да го направи мечот поинтересен, но не успеа, па по 14-от сезонски пораз води грчевита борба за опстанок.
Ерлинг Халанд ја затресе мрежата во четвртата минута од продолжението, но ВАР го поништи голот и остана 0:2.