Фудбалерите на Њукасл го совладаа Вулверхемптон на „Сент Џејмс Парк“ со резултат 1:0 во натпреварот од 32. коло на англиската Премиер лига.
Ова е прва победа за Њукасл по серијата од три порази.
Њукасл поведе во 24. минута, стрелец беше Крис Вуд, но голот му беше поништен поради офсајд по интервенцијата на ВАР.
Алан Сен Максимин имаше добра можност да им донесе предност на „страчките“ во 64. минута, но шутираше над голот.
Решавачкиот момент во играта се случи во 70. минута, кога голманот на гостите, Хозе Са, направи пенал со фаулот над Крис Вуд. Напаѓачот кој оваа зима дојде во Њукасл од Барнли ја презеде одговорноста и погоди од белата точка за нов три бода за тимот на Еди Хау.
Њукасл по оваа победа изби на 14. место и има 34 бода, додека „Волците“ се осми со 49 бодови.