Севилја конечно ја прекина непријатната серија од четири меча без победа во Примера и успеа да стигне до победа во лудата завршница против Гранада со 4-2. Рафа Мир во судиското продолжение постигна победнички гол за Севилја, а Папу Гомез ја потврди победата дури во 99.минута.
Но, беше драматично, затоа што Гранада израмни претходно преку Виктор Дијаз во 88.минута.
Дарвин Мачис во 23.минута ги доведе гостите во водство, а израмни Диего Карлос во 32.минута.
Во вториот дел, Лукас Окампос во 66.минута направи пресврт, но Гранада не се предаде така лесно. Сепак, во завршницата Севилја дојде до планираните три бода.