Екипата на Ал Наср го одржува чекорот со Ал Хилал и продолжува со победите во Саудиска Арабија, бидејќи денеска на домашен терен славеше над Ал Калеј со 2:0.
Кристијано Роналдо, на овој меч го отвори резултатот, а потоа имаше и улога на асистент во погодокот кој го постигна Лапорт.
Португалскиот гол-мајстор и натаму е незадржлив за противничките одбрани и одбраната на Ал Калеј немаше решение за неговиот богат репертоар, со тоа што посебно и интересен беше погодокот со кој го отвори резултатот.
Најпрво Роналдо со лажно движење го измами противникот и буквално го испрати на погрешна страна, по што можеше мирно да се намести и да испрати неодбранлив удар во мрежата на голманот.
Погодокот за 1:0 беше најава за победата на Ал Наср, која потоа во вториот дел само ја потврди поранешниот стопер на Манчестер Сити.