Македонскиот интернационалец Александар Трајковски досега има една асистенција во хрватската лига на дербито против Динамо, но вчера со својот првенец во дресот на Хајдук донесе победа за својот тим.
Македонскиот репрезентативец веќе се наметна како сигурен стартер и се почесто е важен дел од екипата на Хајдук, па беше човек на одлука на дуелот кој се одигра на „Пољуд“.
Хајдук оствари минимален триумф со голот кој беше постигнат на стартот на вториот дел, кога популарниот Алекс ја испрати акцијата од левата страна и се најде на вистинско место.
Погодокот во 47-та минута ја направи клучната разлика на натпреварот и Хајдук освои важни три бода, со кои сега тимот од Сплит се израмни со лидерот на табелата.
Ријека вчера киксираше, па така сега има идентични 27 како Хајдук на делба на првата позиција.