Французинот Карим Бензема го врати Реал Мадрид на победничките патеки во шпанска Ла Лига, откако со три гола учествуваше во убедливиот триумф на шпанскиот гигант во натпреварот против Ваљадолид (6-0).
Во рок од 14 минути „кралевите“ постигнаа дури четири гола, а серијата ја отвори Родриго во 22. минута, по што Бензема од 29 до 36. минута постигна хет-трик за убедливо водство на домаќините од 4-0.
Ваљадолид имаше свои шанси, кои не знаеше да ги искористи, па казната стигна во завршницата од дуелот, кога Марко Асенсио и Лукас Васкез погодија за конечни 6-0.
Реал Мадрид има 59 бодови на втората позиција во Ла Лига, односно 12 помалку од лидерот Барселона.