Манчестер Јунајтед поведе, а првиот гол на овогодинешното издание на најелитното клупско фудбалско натпреварување го постигна кој друг ако не Кристијано Роналдо.
Се чинише дека англискиот тим рутински ќе ја заврши работата но нештата се сменија кога Ван Бисака доби црвен картон поради опасен старт. Ситуацијата се смени, домаќините презедоа иницијатива, која се исплатеше во 66. минута кога израмнија на 1:1. Се чинеше мечот дека ќе заврши нерешено, но потоа следуваше шок во 95. минута кога домаќините дојдоа до победата и ги освоија сите три бода.
Виљареал тргна лошо на мечот со Аталанта и прими гол уште во 6. минута. Фројлер ги донесе гостите до предност, но до полувреме, Тригерос успеа да израмни на 1:1.
Во второто полувреме за целосен пресврт се погрижи младиот Холанѓанец Данјума кој во 73. минута погоди за 2:1. Сепак, упорните Италијанци преку Госенс во самиот финиш дојдоа до 2:2.