Легендарниот Франк Рибери продолжува да игра за новиот италијански прволигаш Салернитана. Попладнево Французинот и официјално беше промовиран во нов играч на стадионот. Рибери беше пречекан од фановите со голема возбуда и спектакуларно пиротехничко шоу. Секако дека такво нешто беше за очекување со оглед на тоа дека и покрај тоа што е во изминати години, не е оној кој што беше пред 5-6 години, сепак Рибери е големо фудбалско име.
Инаку, Салернитана, која е од гратчето Салерно, по пауза од 23 години се врати во италијанската Серие А. По две кола има два порази и сигурно дека сезонава ќе се бори за опстанок, доколку во зимскиот преоден рок не сменат нешто.
Ова ќе биде последна сезона за Рибери пред да се пензионира. Откако ќе се повлече од активното играње на фудбалот, ќе добие функција во Баерн Минхен.